Достапни линкови

Над 20 загинати и стотици исчезнати во пожарите во Калифорнија


Стотици пожарникарски тимови и пожарникарски возила се борат да ги зауздаат пожарите во винскиот регион во северна Калифорнија во кои досега загинаа 23 луѓе, стотици се исчезнати, а илјадници луѓе останаа без покрив над глава.

Гувернерот на Калифорнија Џери Браун прогласи вонредна состојба во неколку општини на северот на државата.

Пожарот избувна на 8 октомври, а причините сè уште се непознати. Властите велат дека можеби се предизвикани од далновод соборен од ветрот.

Дел од жртвите во северна Калифорнија спиеле кога пожарот се проширил со голема брзина и ги зафатил нивните домови, па не можеле да избегаат.

Најмалку 20 илјади луѓе се евакуирани. Чадот се прошири накај Сан Франциско, па многумина жители се шетаат со маски за лице.

Особено е погоден градот Санта Роса во винскиот регион во областа Сонома. Повеќе од 550 луѓе во Сонома се водат како исчезнати.

Најсмртоносниот пожар во Калифорнија се случил во октомври 1933 година, кога во Грифит Парк во Лос Анџелес загинале 29 луѓе.

XS
SM
MD
LG