Достапни линкови

Димитров: Суштински исчекор кон ЕУ во 2018


Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Со нашата реформска ориентација, позитивната политичка агенда и поддршката од нашите пријатели во Европа, вклучително и од осумте држави членки присутни денеска, во 2018 година можеме и мораме да направиме разлика и суштински исчекор, истакнал денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска за време на министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан во врска со патот на Македонија кон ЕУ.

На годинешниот состанок, во рамките на Унгарското претседателство со Вишеградската група станало збор за евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан – забрзување на процесот на проширување, а се разговарало и за безбедносните предизвици во Западен Балкан. Претставниците на Вишеградската група ја реафирмирале посветеноста за натамошна поддршка на евроатлантската интеграција на Западен Балкан. Тие ја истакнале и потребата од зајакнување на интензитетот во спроведување на неопходните реформски процеси во насока на приближување на земјите од Западен Балкан до Европската Унија.

XS
SM
MD
LG