Достапни линкови

Младинскиот оркестар на ЕУ се сели од Лондон поради Брегзит


Младинскиот оркестар на Европската унија

Младинскиот оркестар на ЕУ се сели во Италија од Лондон, каде што му е седиштето повеќе од 40 години, во пресрет на излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Престижната организација, која соработувала со некои од најславните светски диригенти, се финансира од фондовите на ЕУ кои речиси сигурно нема да им бидат достапни на организациите со седиште во Велика Британија по излегувањето од ЕУ.

Оркестарот ќе се пресели наредната година во ново седиште во Рим и во градот Ферара на северот на Италија на покана на италијанскиот министер за култура Дарио Франческини.

Оркестарот е основан во Лондон во 1976 година од италијанскиот диригент Клаудио Абадо.

Секоја година има аудиција за прием на нови членови кои треба да бидат меѓу 16 и 26 години и да се од земја членка на ЕУ.

Брегзит е сериозен удар за луѓето од уметноста каде многу се цени прекуграничната соработка и можноста за слободно патување и работа во разни земји.

XS
SM
MD
LG