Достапни линкови

Илјадници граѓани го пречекаа Ердоган во Нови Пазар


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Нови Пазар рече дека сака во Србија да владее единство, слога и просперитет и оти Турција е подготвена на соработка со Белград на секое поле и во секоја сфера.

Зборувајќи на бината пред градската управа во Нови Пазар пред бројните насобрани граѓани кои дојдоа да го поздрават, тој рече дека Турција ќе ги поддржи сите активности за економски и социјален развој на Санџак.

Тој рече дека Санџак е еден од најважните мостови кои ги поврзуваат Србија и Турција.

Ердоган исто така се заблагодари на поддршката која претседателот Александар Вучиќ и Србија му ја дадоа за време на ланскиот неуспешен воен удар и истакна дека верува оти „терористичката организација“ ФЕТО на исламскиот свештеник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, ќе биде исфрлена од Балканот исто како од Турција.

Ердоган, кој е во официјална посета на Србија, вчера во Белград разговараше со неговиот колега Александар Вучиќ со кого денеска се во посета на Санџак, каде што претежно живее муслиманско население.

XS
SM
MD
LG