Достапни линкови

Неработен ден во Панама поради пласманот на Светското првенство


Славје на улиците на Панама Сити по изборувањето пласман на Светското првенство во фудбал

Претседателот на Панама Хуан Карлос Варела го прогласи 12 октомври за неработен ден во државата поради пласманот на фудбалската репрезентација на Мундијалот 2018 во Русија.

Панама за прв пат во историјата стигна до финалето на Светското првенство, откако ноќеска во драматичен дуел ја победи Костарика со 2:1.

„Панамо, прославувај го овој историски ден. Го прогласувам 12 октомври за национален празничен ден. Благодарам на тимот, денес вие испишавте историја и го исполнивте сонот на над четири милиони Панамци“, напиша Варела на Твитер.

Ова е историски ден за нашата земја. Утре ќе одмараат сите работници како во државниот, така и во приватниот сектор. Нема да има ниту настава во приватните и државните училишта. Славете го денот со своите семејства, додаде претседателот.

XS
SM
MD
LG