Достапни линкови

Расмусен - Мировници во цел Донбас, а не само на линијата на разграничување


Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, изјави дека предлогот на Русија за испраќање мировници на ОН во источна Украина е „тројански коњ“, но оти вреди обидот да се „преструктуира“, зашто по долго време е првата можност за решавање на конфликтот.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец рече дека мировници од ОН може да бидат распоредени на линијата на разграничување меѓу двете страни во конфликтот во источна Украина. Предлогот беше отфрлен и од Киев и од западните земји.

Расмусен смета дека распоредувањето мировници на линијата на разграничување ќе доведе до замрзнат конфликт во источна Украина под заштита на ОН. Тој предлага мировниците да се распоредат за заштита на цивилите и инфраструктурата во целата област Донбас.

Расмусен во моментов работи како советник за безбедност на украинскиот претседател Петро Порошенко.

XS
SM
MD
LG