Достапни линкови

Сијарто – Преговорите за членство на Македонија во ЕУ да почнат најдоцна до март


Унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто

Унгарија бара почнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ најдоцна до крајот на првото тримесечје во 2018 година. Унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто ја повика ЕУ да ги забрза европските интеграции на Западниот Балкан, при што преговорите за членство со Македонија и со Албанија треба да почнат до март наредната година.

„Забрзувањето на процесот за пристапување е гаранција за безбедноста“, рече Сијарто на прес-конференција во Будимпешта на која присуствуваа десетина претставници од земјите од Централна Европа и од Западниот Балкан.

„Нестабилноста и тензиите на Западниот Балкан е сериозен ризик за цела Европа... Имаме барања во таа насока“, рече тој.

XS
SM
MD
LG