Достапни линкови

Новинарка на Вол стрит џурнал осудена на две години затвор во Турција


Американскиот весник Вол стрит џурнал соопшти дека нивна новинарка во отсуство е осудена на две години и еден месец затвор во Турција за „терористичка пропаганда“. Ајла Албајрак била осудена за пропаганда во корист на курдските бунтовници, објави весникот синоќа.

Обвинението се однесува на текст од 2015 година за конфликтот меѓу курдските бунтовници и владините сили. Весникот вели дека статијата е избалансирана, а Албајрак најави жалба. Таа има двојно државјанство, финско и турско, а во моментов е во Њујорк.

Пресудата не е потврдена од турските власти, а случајот никогаш не беше објавен во медиумите.

Во меѓувреме, денеска пред судот во Истанбул беше изведена Мешале Толу, германска новинарска која Турција ја обвинува за терористичка пропаганда и членство во забранета левичарска организација. Таа ги негира обвинувањата.

Организациите за човекови права велат дека слободата на печатот драстично е намалена во Турција по минатогодишниот неуспешен воен удар. Има засилена цензура, притисоци врз независните медиуми и засилено апсење и насилства врз новинарите.

XS
SM
MD
LG