Достапни линкови

Прокаталонски анархисти упаднаа во шпанската амбасада во Атина


Група анархисти упаднаа во шпанската амбасада во Атина и фрлаа летоци за независноста на Каталонија, информира претставник на амбасадата. Вработените се евакуирале од амбасадата, каде што останале само неколкумина дипломати. Нема информации за штети или за повредени.

„Околу 15 или 20 луѓе влегоа во амбасадата и фрлаа летоци. Не скршија ништо. На летоците пишува солидарноста е оружје на народот“, изјави претставник на амбасадата за Ројтерс.

Демонстрантите истакнаа транспарент од покривот на амбасадата на кој пишува „Но пасаран!“(Нема да поминат), левичарски слоган од Шпанската граѓанска војна.

Грчката полиција соопшти дека уапсила 19 лица поради инцидентот.

Групата е позната како Рувиконас, која се залага за независност на Каталонија.

Шпанската влада денеска одржува седница посветена на Каталонија. Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон синоќа пред каталонскиот Парламент побра пролонгирање на прогласувањето на независност и дијалог со шпанската Влада.

XS
SM
MD
LG