Достапни линкови

ФИФА го суспендира Пакистан поради „мешање од трети страни“


Архивска фотографија: Натпревар меѓу Авганистан и Пакистан во Кабул на 20 август 2013

Светската фудбалска федерација ФИФА ја суспендираше Фудбалската федерација на Пакистан поради „мешање од трети страни“.

ФИФА денеска соопшти дека канцелариите и сметките на Фудбалската федерација на Пакистан остануваат под контрола на администратор назначен од судот, со што се кршат правилата за независност на светската фудбалска организација.

Според одлуката на ФИФА, на пакистанската репрезентација и на клубовите од Пакистан им е забрането да учествуваат во меѓународни натпреварувања.

Забраната ќе биде укината кога Пакистанската фудбалска федерација ќе ја поврати контролата врз своите канцеларии и сметките.

Фудбалската репрезентација на Пакистан треба да игра на Купот на Јужноазиските фудбалски федерации, кој ќе се одржи во Бангладеш во 2018 година.

XS
SM
MD
LG