Достапни линкови

Нови престрелки во Кашмир, четворица загинати


Архивска фотографија: Индиски војници во Кашмир

Двајца индиски воздухопловни командоси и двајца милитанти загинале вчера во престрелка во индиски Кашмир, соопшти армијата. До судирот дошло кога индиските војници, кои биле во потрага по милитанти, опколиле една населба во градот Хаџин.

Ова се случува само два дена по убиството на лидерот на забранетата организација Џаиш-е-Мохамад, познат како Халид, во престрелка со владините сили во Кашмир. Пакистанецот Халид беше обвинет за организирање серија самоубиствени напади ширум регионот за кој Индија и Пакистан се во спор.

Кашмир, област на Хималаите, беше поделен меѓу Индија и Пакистан по крајот на британското колонијално владеење во 1947 година, но двете земји тврдат дека целата област е нивна.

XS
SM
MD
LG