Достапни линкови

Администрацијата на Трамп се откажа од плановите за чиста енергија


претседателот на САД Доналд Трамп

Шефот на американската Агенција за заштита на околината Скот Пруит потпиша пропис за „укинување на плановите на претходната администрација на претседателот Барак Обама за таканаречна чиста енергија“. Ова укинување кое претставува едно од предизборните ветувања на претседателот Доналд Трамп, доаѓа неколку недели по одлуката на САД да ја напуштат меѓународната спогодба за климатските промени, постигната во декември 2015 година во Париз. Трамп претходно глобалното затоплување го нарече измама и ги критикуваше напорите на Обама како напад врз американската индустрија.

XS
SM
MD
LG