Достапни линкови

Димитров на состанок на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан


Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска, на покана на унгарскиот колега Петер Сијарто, ќе учествува на министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан што се одржува во Будимпешта. На состанокот на кој се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Естонија, Романија и Словенија централна тема на состанокот е евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан. Вишеградската група која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, е традиционален поддржувач на европската перспектива на Балканот.

XS
SM
MD
LG