Достапни линкови

Ердоган во посета на Санџак


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја продолжува посетата на Србија, 10.10.2017.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја продолжува посетата на Србија со посета на регионот Санџак. Тој вчера пристигна во дводневна посета на Србија во, како што оценуваат аналитичарите, обид да го зголеми влијанието на Анкара на Балканот. Ердоган во Белград имаше разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ кои главно беа фокусирани врз трговијата и инвестициите, но и врз политичките односи во регионот. Ердоган притоа оцени дека 800 милиони долари трговска размена меѓу двете земји не биле доволни и оти размената треба рапидно да порасне во блиска иднина. Тој вети турско инвестирање на автопат меѓу Белград и Сараево.

XS
SM
MD
LG