Достапни линкови

Пучдемон предложи да се почека со независноста на Каталонија


Барселона-каталонскиот лидер Карлес Пудемон се обраќа во регионалниот парламент, 10.10.2017

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон предложи да се суспендира декларацијата за независност на неколку недели за да се овозможи дијалог со Мадрид. Обраќајќи се во регионалниот парламент во Барселона попладнево Пучдемон повтори дека Каталонија доби право на независна држава, но исто така рече дека сака намалување на тензиите поврзани со ова прашање.

Безбедносните мерки беа зголемени во пресрет на парламентарната сесија а полицијата ги обезбедува администрантивните згради и парковите во близина на каталонскиот парламент во Барселона.

Претходно шпанската влада побара од каталонскиот лидер да не оди по патот од кој нема враќање и да не прогласува еднострана независност. Претседателот на ЕУ Доналд Туск побара од Пучдемон да го почитува уставниот поредок и да не објави одлука која би го направила дијалогот невозможен.

XS
SM
MD
LG