Достапни линкови

Се очекува обраќањето на Пучдемон, мерките за безбедност зголемени


Шпанија - каталонскиот лидер Карлес Пучдемон пристигнува во регионалниот парламент во Барселона, 10.10.2017

Лидерот на Каталонија Карлес Пучдемон се очекува да се обрати во регионалниот парламент денеска, додека во Мадрид расте загриженоста дека парламентот може да изгласа еднострана декларација за независност. Мерките за безбедност се зголемени во пресрет на пленарната седница.

Полицијата е распоредена пред административните згради и ги затвора парковите во близина на регионалниот каталонски парламент во Барселона.Портпаролот на каталонската влада соопшти дека првично закажаното обраќање на Пучдемон за во шест часот, се одложува за еден час.

Во пресрет на неговиот говор шпанската влада побара од каталонскиот лидер да не оди по патот од кој нема враќање и да не прогласува еднострана независност. Претседателот на ЕУ Доналд Туск побара од Пучдемон да го почитува уставниот поредок и да не објави одлука која би го направила дијалогот невозможен.

XS
SM
MD
LG