Достапни линкови

Си-Ен-Ен може да продолжи со работа во Русија


Архивска фотографија-Александр Жаров, директор на агенцијата за регулација на медиуми на Русија

Агенцијата за регулација на медиуми на Русија одобри американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен да продолжи да работи во земјата откако медиумската куќа ги отстрани нерегуларностите со кои се прекршуваа медиумските закони во таа земја.

„Проблемот што го откривме беше отстранет, Си-Ен-Ен ќе продолжи да работи во Русија“ рече Александр Жаров, директор на агенцијата додавајќи дека државниот медиумски регулатор ќе продолжи да ја набљудува работата на компанијата во согласност со законите.

На 29 септември, агенцијата објави дека ги побарала претставниците на Си-Ен-Ен на состанок за откриените законски прекршувања и дала рок до 11 октомври да ги отстрани.

XS
SM
MD
LG