Достапни линкови

Ердоган е уверен дека наскоро ќе стигне гасот во Србија


Белград-претседателите на Турција и на Србија, Реџеп Таип Ердоган и Александар Вучиќ на прес конференција,10.10.2017

Гасоводот „Турски тек“ беше главна тема за разговори на средбата на претседателите на Србија и на Турција Александар Вучиќ и Реџеп Таип Ердоган која денеска се одржа во Белград. На заедничката прес конференција Ердоган рече дека сакаат што е можно поскоро да го донесат гасот во Србија.

„Гасоводот „Турскиот тек“ е проект кој се работи заедно со Русија така што сметам дека и господинот Путин нема негативно да гледа на ова. Уверен сум дека во Србија во многу скоро ќе пристигне гасот и дека проблемот на тој начин ќе се реши“ изјави Ердоган.

Тој и неговиот домаќин Вучиќ потпишаа повеќе меѓународни договори меѓу кои и спогодбата за слободна трговија меѓу двете земји, како и договори за влегување на неколку турски компании во Србија.

„Не е ова 1389 година како што мислат некои, туку е 2017 година. Сакаме најдобри можни односи со Турција, нашите односи се значајни за интересот и иднината на Србија“ рече Вучиќ.

Со денешната средба во палатата Србија во Белград почна дводневната посета на турскиот претседател. Покрај директниот разговор на двајцата шефови на држави, состаноци одржаа и државни делегации на Србија и Турција предводени од Вучиќ и Ердоган.

XS
SM
MD
LG