Достапни линкови

Во ДИК акредитирани 4.900 домашни и 339 странски набљудувачи


Архивска фотографија-гласање во Скопје

За следење на претстојните локални избори во Македонија, во Државната изборна комисија досега се акредитирани 4.900 домашни и 339 странски набљудувачи. Во ДИК за следење на изборите досега се акредитирани само тројца новинари.

Според податиците објавени на веб страницата на ДИК, од домашните најголем број акредитирани набљудувачи има невладината организација МОСТ - 2.727, Здружението на граѓани „Синергија“ од Штип со 1.834 набљудувачи и неколку други организации со помалку набљудувачи.

Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 198, потоа Амбасадата на САД во Македонија 24, Делегацијата на ЕУ 23, Меѓународниот студиски центар за избори (IESC) 18.

Набљудувачи имаат акредитирано и Канцеларијата на НАТО во Скопје и амбасадите на Руската Федерација, Албанија, Австрија, Франција, Велика Британија и Северна Ирска, Шведска, Унгарија, Кралството Холандија и на Италија во Македонија.

XS
SM
MD
LG