Достапни линкови

Руски бомбардер излета од писта во Сирија, загинаа двајца пилоти


Руски бомбардер Сухој 24

Двајца пилоти загинаа кога руски бомбардер Сухој 24 излета од пистата при полетувањето во воздухопловната база Хмејмим во Сирија, соопшти руското Министерство за одбрана. Авионот требало да полета во борбена мисија кога излетал од пистата и „бил уништен“, пренесуваат руските медиуми повикувајќи се на министерството.

„Екипажот не можел да се катапултира и загинал“, информира министерството, додавајќи дека технички проблем е една од причините за несреќата.

Сухој 24 има двочлен екипаж.

Русија го поддржува сирискиот претседател Башар ал-Асад во шестгодишната граѓанска војна во земјата. Од септември 2015 година Москва и воено се ангажира за поддршка на силите на Асад.

XS
SM
MD
LG