Достапни линкови

Утринските температури под нула, дневните до 27 степени


Илустрација: Скопје

Сончево време со студени утра и температура која ќе падне и под нулата, а дневната ќе биде во пораст и ќе достигнува 27 степени, најавува УХМР за деновите до крајот на оваа седмица.

Утре во текот на денот ќе има повремено зголемување на облачноста. В сабота се очекува засилен ветер од северен правец и пад на дневната температура.

Утре минималната температура ќе се спушти на -1, а дневната ќе се искачи до максимални 24. В четврток од -2 до 26, петок од -1 до 27, сабота 1 до 24, недела 0 до 26 и понеделник од 2 до 28 степени.

XS
SM
MD
LG