Достапни линкови

Каталонскиот претседател треба да се обрати пред парламентот


Каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон

Каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон денеска треба да се обрати пред регионалниот парламент во време кога Мадрид е загрижен дека каталонскиот парламент може еднострано да прогласи независност.

Има зголемено обезбедување околу парламентот во Барселона, а полицијата ги чува јавните згради во пресрет на обраќањето закажано за во 18 часот.

Сепаратистичките политичари велат дека очекуваат декларација за независност врз основа на референдумот од 1 октомври.

Сепак, стотици илјади луѓе протестираа викендов во Барселона против отцепување од Шпанија. Тие велат дека референдумот не ја покажува вистинската волја на Каталонците, зашто многумина од оние кои се за останување во Шпанија не излегоа на гласање.

Според каталонскиот закон за референдум, кој Мадрид го смета за неуставен, по изгласувањето независност во парламентот ќе почне шестмесечен процес на разговори за разделба со Шпанија пред регионалните избори и финалниот акт на отцепување.

XS
SM
MD
LG