Достапни линкови

Училиштата во Сараево веќе нема да ги сметаат босанскиот, хрватскиот и српскиот за еден јазик


Деца во училиште во Сараево

Министерството за образование, наука и млади на кантонот Сараево, кое е надлежно за образованието во босанскиот главен град, донесе одлука да престане да се употребува кратенката БХС со која се означуваше јазикот на кој учат децата во овој етнички мешан град.

БХС е кратенка за босански, хрватски и српски и се користеше за трите сродни јазици кои се зборуваат во Сараево.

Со одлука на Министерството, во иднина во Сараево родителите ќе решаваат на кој од трите јазици ќе се образуваат нивните деца - на босански, хрватски или на српски.

Кантоналниот министерот за образование Елвир Казазовиќ вели дека тие мораат да го почитуваат Уставот на Босна и Херцеговина, кој предвидува три одделни јазици, иако додава дека воведувањето настава на три јазици наместо на едниот БХС јазик ќе биде многу скапо.

XS
SM
MD
LG