Достапни линкови

Лавров: САД ризикуваат да предизвикаат ескалација со Северна Кореја


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го предупреди неговиот американски колега Рекс Тилерсон дека Вашингтон ризикува да предизвика, „неприфатлива ескалација“ на тензиите со Северна Кореја, соопшти руското министерство за надворешни работи. Лавров во телефонски разговор со Тилерсон се заложил разликите да се решаваат „исклучиво преку дипломатски пат“. Претседателот Доналд Трамп во саботата оцени дека дипломатските напори спрема Северна Кореја досега биле неуспешни. „Жал ми е ама има една работа која функционира“, рече Трамп без да прецизира која.

XS
SM
MD
LG