Достапни линкови

Гугл откри реклами платени од Русија на Јутјуб и Џи меил


Весникот „Вашингтон пост“ објави дека Гугл за прв пат открил докази дека руски оперативци користиле џиновски интеренет палтформи во напорите да се мешаат во американските претседателски избори во минатата година. „Руски агенти“ потрошиле десетици илјади долари на реклами на Јутјуб, Џи меил, Гугл и други платформи во обид да шират дезинформации, пишува весникот, именувајќи анонимни извори блиски до истрагата. Рекламите не потекнувале од „Интерент рисрч“, руска компанија која купила реклами на Фејсбук. Тоа покажува дека станува збор за поширока руска онлајн кампања за ширење дезинформации, наведува „Вашингтон пост“.

XS
SM
MD
LG