Достапни линкови

Ердоган пристигна во официјална посета на Србија


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган допатува синоќа во дводневна официјална посета на Србија, а на аеродромот во Белград го пречекаа српскиот колега Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и членови на Владата на Србија. Ердоган пристигна во Белград со голема делегација, составена од 185 бизнисмени и осум турски министри. Официјалните разговори на турскиот претседател почнуваат денеска на тет-а-тет средба со Вучиќ, по што ќе одржат заедничка прес-конференција. Потоа следуваат средби на двете делегации и потпишување на неколку договори меѓу Србија и Турција. Ердоган утре ќе го посети градот Нови пазар, кој е главно населен со муслимани, во областа Санџак, јужна Србија. За време на посетата ќе бидат зајакнати безбедносните мерки, а за безбедноста на Ердоган, освен неговите лични 50 телохранители, ќе се грижат и 3.000 полицајци.

XS
SM
MD
LG