Достапни линкови

Тачи ја обвини меѓународната заедница за неисполнети ветувања


Претседателот на Косово Хашим Тачи ја обвини меѓународната заедница дека не го одржала зборот, дека не исполнила ниту едно ветување откако Приштина се согласи да се формира Специјален суд, кој ќе ги процесуира случаите во кои Албанци се обвинети за воени злосторства за време на војната.

Тачи рече дека меѓународната заедница ветила, а не исполнила: побрза евроинтеграција на Косово, визна либерализација и полноправно членство во УНЕСКО.

Специјалниот суд беше претставен во Хаг минатата година, но досега не процесуирал ниту еден случај, ниту се покренати некакви обвиненија.

XS
SM
MD
LG