Достапни линкови

Средба Порошенко и Ердоган во Киев


Украинскиот претседател Петро Порошенко оствари средба со неговиот турски колега, Реџеп Таип Ердоган. Двајцата претседатели треба да одржат и седница на Стратешкиот совет на високо ниво на Турција и Украина кој се одржува во Киев. Прес-службата на Ердоган соопшти дека билатералните односи и регионалните прашања ќе бидат дискутирани за време на еднодневната официјална посета на Ердоган и дека ќе бидат потпишани голем број билатерални документи. Оттаму додаваат дека страните, исто така, ќе разменат ставови за кримското прашање и Кримските татари.

Русија го презеде украинскиот Кримскиот Полуостров во март 2014 година, испраќајќи војници и одржувајќи референдум за кој повеќето се изјаснија дека е нелегален, поддржувајќи ги сепаратистите во војната во која загинаа повеќе од 10.000 луѓе во источна Украина од април 2014 година.

Групите за човекови права и западните влади, исто така, го осудија она што тие го нарекуваат постојана кампања на угнетување насочена кон кримските Татари и другите граѓани кои се спротивставија на руското преземање на полуостровот.

Зборувајќи пред Генералното собрание на ОН во Њујорк,минатиот месец, Ердоган потврди дека Анкара го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

XS
SM
MD
LG