Достапни линкови

ЕУ подготвена за Лукашенко на самитот на Источното партнерство


Извори од ЕУ велат дека Унијата е подготвен да го пречека белорускиот претседател Александар Лукашенко на самитот за Источно партнерство, кој треба да се одржи следниот месец. Како што соопштуваат агенциите, Белорусија е поканета да учествува на самитот на 24 ноември во Брисел "без ограничувања" - исто како и петте други членки на Источното партнерство: Ерменија, Азербејџан, Грузија, Молдавија и Украина.

Пред претходните четири самити на ИП, ЕУ јасно стави до знаење дека Лукашенко, кој владееше со Белорусија 21 година и е наречен последен диктатор на Европа, не беше добредојден.

Минск беше претставен од министерот за надворешни работи, Владимир Макеј, на последниот таков самит што се одржа во Рига во 2015 година.

ЕУ го започна Источното партнерство во 2009 година за промовирање на економската интеграција и европските вредности во шесте земји од Источна Европа и Кавказ. Лукашенко, кој владее со Белорусија од 1994 година, освои петти мандат во 2015 година на избори кои од страна на западните набљудувачи беа оценети како нефер и неслободни.


XS
SM
MD
LG