Достапни линкови

Повредени малолетници во тепачка во Гостивар


Две малолетни лица се хоспитализирани на скопските клиники, а едно во гостиварската болница, по тепачка која попладнево избила меѓу две групи во кругот на средното економско училиште. Мотивите и бројот на учесниците во тепачката ги истражува гостиварската полиција.

Од СВР Тетово потврдија дека дошло до нарушување на јавниот ред и мир во кругот на општинското средно економско училиште-Гостивар со тепачка на две групи, едната од село Чегране, а другата од село Врапчиште. Според првичните наоди на полицијата, во физичката пресметка учествувале повеќе од дваесет лица, меѓу кои повеќето биле ученици.

Во тепачката две лица едното на возарст од 16 години, а другото на 17, биле пренесени со повреди во градите, односно грбот во гостиварската болница, а отаму на скопските клиники. Со повреди се задобило уште едно лице на возраст од 18 години, кое е задржано во гостиварската болница, информираат од СВР Тетово.

XS
SM
MD
LG