Достапни линкови

Русија најави рестрикции на програмата на РСЕ


Руското министерство за правда со писмо го предупреди радио Слободна Европа дека би можело да санкционира дел од програмите во Русија, како одговор на како што велат, притисоци врз руските државни медиуми во Соединетите Држави. Министерството соопшти дека телевизиската програма „Current Time” на руски јазик која е заеднички проект на Радио Слободна Европа и Гласот на Америка, потпаѓа под член 2 од рускиот закон за невладини организации и странски агенти, па според тоа Русија има право да воведе рестрикции кон оваа програма.

„Активностите на вашата организација се во спротивност со законите на Руската Федерација,“ се вели во соопштението кое е потпишано од претставник на министерството Владимир Титов.

Рускиот сервис на Радио Слободна Европа, познат како Радио Свобода и руската веб страница која ја уредува Татарскиот сервис, добија исти такви писма со предупредувања.

XS
SM
MD
LG