Достапни линкови

Поддршка за македонските евроинтеграции од Шведска и Финска


Почит за политиките на пријателство и поддршка за реформските процеси и евроатлантските перспективи на Македонија изразиле министите за надворешни работи на Шведска и Финска, Маргот Валстром и Тимо Соини на денешната средба со премиерот Зоран Заев.

"Иднината на Република Македонија е во Европската унија, ги охрабруваме и ги поддржуваме реформите на Владата што водат кон евроинтеграции на земјата", е пораката што ја пренеле министрите од Шведска и Финска.

Како што соопшти владината прес служба, двајцата министри ги соопштиле ставовите на нивните држави за поддршка на проширувањето на ЕУ.

Заев изјавил дека Владата низ инклузивни политики во земјава и добри пријателски односи со соседите ги отвора евроатлантските перспективи, затоа што стратешка цел на Македонија е членството во ЕУ и НАТО.

На средбата било заклучено дека евроатлантските перспективи ќе значат за Република Македонија и за целиот регион напредок на економски план, социјален развој и мирна иднина, што ќе ги мотивира младите луѓе да ја гледаат и планираат својата иднина во родната земја.

XS
SM
MD
LG