Достапни линкови

Столтенберг: Не сакаме нова Студена војна


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на денешното затворање на четиридневната 63. годишна сесија на Парламентарното собрание на Алијансата во Букурешт, изјави дека Организацијата ја смета Русија за „сосед“ и дека не сака „нова Студена војна“. НАТО денеска го започнува распоредувањето на нови мултинационални сили во Романија, поради контрола на сè поголемото руско присуство во Црното Море.

„Ние сме загрижени од недостатокот на транспарентност (на Русија) кога станува збор за воените вежби. Русија е наш сосед, не сакаме да ја изолираме Русија, не сакаме нова Студен војна“, нагласи Столтенберг.

Тој рече дека воените вежби Запад, меѓу армиите на Русија и Белорусија, предизвикале загриженост поради доближувањето на голем број војници до границите на источните членки на НАТО. Столтенберг додаде дека Алијансата го зголемила присуството во Црното Море како „одговор на руската агресија во Украина“. Претходно, претседателот на Романија, Клаус Јоханис изјави дека НАТО не сака конфронтација и не е закана за Русија.

XS
SM
MD
LG