Достапни линкови

Осум загинати во судир на брод со мигранти


Најмалку осум луѓе се удавиле денеска кога брод кој превезувал десетици претежно туниски мигранти се судрил со туниски воен брод во морето кај југоисточниот брег на земјата, информира тамошното Министерство за одбрана. Според сведочењата на преживеаните, на бродот имало меѓу 70 и 80 луѓе, вели портпаролот на Меѓународната организација за миграција, Флавио Ди Џакомо. Тој рече дека најмалку 20 луѓе се водат како исчезнати, а 40 се спасени. Министерството соопшти дека се пронајдени телата на осуммина загинати по судирот што се случил на 54 километри од брегот. Италијанската новинска агенција АНСА објави дека бродот со мигранти потонал. Четири италијански бродови и малтешки авион биле испратени во спасувачка мисија на местото на инцидентот. Либија долго време беше главна база за мигрирање со бродови од Африка кон Европа, но по зајакнувањето на контролите мигрантите почнаа да испловуваат од Тунис.

XS
SM
MD
LG