Достапни линкови

Откриени 14 мигранти од Пакистан во возило кај Удово


Архивска фотографија: Мигранти се греат во близина на Гевгелија на 6 декември 2015

Патничко возило „Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки без возач, а со 14 мигранти од Пакистан е откриено вчера изутрина на бензинска пумпа кај селото Удово.

Како што информира денеска МВР, по извршениот увид возилото и мигрантите биле преземени од полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин „Богородица“.

За случајот бил известен Јавен обвинител, по чии насоки возилото е задржано, а лицата предадени во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка. Возилото имало регистарски таблици од товарно возило „Застава“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

XS
SM
MD
LG