Достапни линкови

Странците во руската војска и на мисии во странство


Илустрација: Руски војници на воена вежба во Северен Кавказ на 3 октомври 2017

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој им се дозволува на странци да служат во руската армија на договорна основа и да учествуваат во руските воени операции во странство. Според овие измени на рускиот закон за воена служба, странските државјани што по договор служат во Руските вооружени сили може да бидат испратени во странство „да учествуваат во руските мировни и противтерористички операции“.

Путин во 2003 година потпиша закон кој им дозволува на странските државјани по договор да служат во руската армија како војници, морнари и подофицери, но не и како офицери.

Русија спроведува воена операција во Сирија за поддршка на претседателот Башар ал-Асад од септември 2015 година. Руското Министерство за одбрана не соопшти дали странски државјани кои служат во руската армија некогаш биле испраќани во Сирија. Во руската армија има и платени војници и регрути.

XS
SM
MD
LG