Достапни линкови

Црвениот крст драстично го намалува работењето во Авганистан


Објект на Црвениот крст во Херат на 16 септември 2017

Меѓународниот комитет на Црвениот крст(МКЦК) денеска соопшти дека „драстично“ ќе го намали своето работење во Авганистан по убиството на седуммина нивни вработени во нападите оваа година. МКЦК повеќе од 30 години работи во Авганистан каде што има четврта по големи хуманитарна програма.

Шефицата на МКЦК во Авганистан, Моника Занарели изјави дека одлуката особено ќе влијае врз работите на северот на земјата, каде што објектите во Мазар-и-Шариф и Кундуз ќе бидат затворени или со намален обем на работа.

Таа рече дека не го напуштаат Авганистан, но оти е неопходно да се преиспита нивното присуство за да спречат повеќе загуби.

Според американски воени проценки, авганистанската влада контролира околу 60 проценти од територијата, додека останатите 40 отсто се под контрола на талибанците и на другите бунтовнички организации.

XS
SM
MD
LG