Достапни линкови

Јоханис - НАТО не е закана за Русија


Претседателот на Романија, Клаус Јоханис

НАТО не сака конфронтација и не е закана за Русија, изјави претседателот на Романија, Клаус Јоханис на 63. годишна сесија на Парламентарното собрание на Алијансата, што се одржува во Букурешт.

Тој додаде дека во односите со Русија е неопходна долгорочна стратегија, која вклучува дијалог.

„Нашата цел е мирот, не војната. НАТО не бара конфронтација и не е закана за Русија“, посочи Јоханис.

Тој потенцира дека треба да биде засилено присуството на НАТО на источното крило, во најголема мера на југ - во Црното Море.

XS
SM
MD
LG