Достапни линкови

Ориќ ослободен од обвиненијата за воени злосторства


Поранешниот командант на Армијата на Република Босна и Херцеговина Насер Ориќ

Поранешниот командант на Армијата на Република Босна и Херцеговина Насер Ориќ и припадникот на таа армија Сабахудин Мухиќ денеска се ослободени од обвиненијата за воени злосторства. Судот во Босна и Херцеговина го отфрли обвинението на босанското обвинителство кое го товареше Ориќ за злосторства против воените заробеници на подрачјето на Братунац и Сребреница во 1992 година. Според обвинението, двајцата се товареа за убиство на тројца српски заробеници, но обвинителството не успеа да докаже вина.

Хашкиот суд во 2008 година го ослободи Ориќ од обвинението за злосторства врз Србите во околината на Сребреница.

Во 2015 година тој беше уапсен во Берн во Швајцарија по потерница за воени злосторства во Сребреница издадена од Србија. Сепак, на барање на босанското обвинителство, тој беше екстрадиран во Босна и Херцеговина.

За време на војната во БиХ, Ориќ беше командант на Штабот на територијалната одбрана на Сребреница.

XS
SM
MD
LG