Достапни линкови

Трамп го нападна сенаторот Коркер


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп и сенаторот од Републиканската партија Боб Коркер разменија меѓусебни обвинувања. Трамп го обвини Коркер за нуклеарниот договор со Иран постигнат во 2015 година, додека сенаторот изјави дека претседателот би можело да ја води земјата до Третта светска војна. „Сенаторот Боб Коркер ме молеше да го поддржам неговиот повторен избор во Тенеси. Реков „не“ и тој испадна“, напиша Трамп на Твитер, додавајаќи: „Тој побара да биде државен секретар, а јас реков „не благодарам“. Тој исто така е одговорен за ужасниот договор со Иран“.

XS
SM
MD
LG