Достапни линкови

Илјадници учесници на протестот против отцепување на Каталонија


Протестите организирани од групата против каталонската независниост „Societat Civil Catalana.

Околу 950 илјади луѓе денеска се на улиците на Барселона на маршот против отцепувањето на Каталонија од Шпанија, соопшти групата које е против каталонската независниост „Societat Civil Catalana.“

Во извештаите се вели дека многу демонстранти патувале од Мадрид во Барселона за да учествуваат во протестите, кои доаѓаат една недела откако владата во Каталонија одржа референдум за отцепување и покрај наредбата за суспензија од највисокиот суд во Шпанија.

Референдумот беше прогласен за нелегален од страна на владата во Мадрид, но регионалната влада во Каталонија вели дека ќе прогласи независност.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска вети дека неговата влада нема да дозволи Каталонија да се отцепи, велејќи дека „Шпанија нема да биде поделена и оти ќе се одржи единството на нацијата.“

Централната влада распореди дополнителни 4.000 полицајци во регионот. Каталонските власти велат дека 90 отсто од гласовите на 1 октомври биле за отцепување на регионот. Одзивот беше околу 42 проценти од регистрираните 5.3 милиони гласачи.

XS
SM
MD
LG