Достапни линкови

Шефовите на дипломатиите на Шведска и Финска во посета на Западен Балкан


Илустрација - Премиерот Зоран Заев на Самитот за Западен Балкан во Трст.

Министрите за надворешни работи на Финска и Шведска Тимо Соини и Маргот Малстром од 9 до 11 октомври ќе ги посетат Србија, Косово и Mакедoнија.

Тие во Белград ќе разговараат со претседателот на Србија Александар Вучиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, во Приштина со министерот за надворешни работи Беџет Пацоли, а во Македонија ќе имаат состаноци со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Пред посетата, финското МНР соопшти дека двете држави поддржуваат европски интеграции на Зaпаден Балкан и истакнуваат значење на регионалната соработка и добрите соседски односи.

XS
SM
MD
LG