Достапни линкови

Иран предлага ракетен напад ако САД ги зголемат санкциите


Архива - Шефот на Иранската револуционерна гарда генерал Мохамед Али Џафари.

Шефот на Иранската револуционерна гарда (ИРГ) посочи дека воените сили на САД во Блискиот Исток би можеле да бидат во опасност од ирански ракетни напади доколку се наметнат нови санкции против Техеран.

Иранската новинска агенција ИРНА денеска го цитираше шефот на ИРГ генерал Мохамед Али Џафари како вели „ако нови санкции стапат на сила“ САД треба „да ги преместат свои регионални бази на радиус од 2.000 километри“ од Иран, додавајќи оти 2.000 километри опсегот на иранските проектили.

Војската на САД моментално има база на попмалку од 500 милји од границите на Иран во земјите соседи на Иран.

Џафари исто така рече дека доколку САД ја означат ИРГ за терористичка група, ИРГ ќе ја смета американската Армија за терористичка група.

XS
SM
MD
LG