Достапни линкови

Намалени нивоата на неколку реки во Македонија


Архива - Реката Вардар во центарот на Скопје.

Пет пати пониски од просекот за октомври се нивоата на реките Црн Дрим кај Ложани и на Вардар кај Јегуновце, покажува хидролошко мерење на УХМР.

Намалени водостои имааат и Вардар кај Зајчев Рид, Црна Река кај Новаци, Сатеска кај Ботун, Крива Река кај Крива Паланка, Треска кај Македонски Брод и Пчиња кај Катлановска Бања. Повиско ниво од октомврискиот просек има само на Вардар кај Демир Капија и на Брегалница кај Берово.

Според УХМР, нивото на Дојранското Езеро повторно е зголемено, од 82 сантиметра колку што е просекот за октомври, на 174 сантиметри, додека Охридското езеро е нешто под просекот.

XS
SM
MD
LG