Достапни линкови

Амбасадорот на САД во Русија - Украина клучна за подобри односи


Новиот амбасадор на САД Џон Хантсман и рускиот претседател Владимир Путин. 03.10.2017

Новиот амбасадор на САД во Русија вели дека враќањето на украинскиот суверенитет на нејзината цела територија ќе биде клучно прашање во неговите односи со Москва, откако ќе го започне својот мандат во услови на зголемени тензии меѓу двете светски сили.

Говорејќи во Солт Лејк Сити, поранешниот гувернер на Јута Џон Хантсман денеска изјави дека сака да ги подобри односите со Русија, но инсистираше дека прв чекор ќе биде Москва да ја врати контролата на Украина на територијата во рамките на своите меѓународно признати граници.

Москва го презема Полуостровот Крим од Киев и ги поддржа сепаратистите во војната во источна Украина во која загинаа повеќе од 10 илјади луѓе. САД и ЕУ воведоа санкции кон Русија за нејзините акции во Украина.

XS
SM
MD
LG