Достапни линкови

Пронајдена главата и нозете на шведската новинарка Ким Вал


Шведската новинарка Ким Вал.

Данската полиција денеска соопшти дека нуркачи ја пронашле главата и нозете на шведската новинарка Ким Вал, два месеци откако исчезна додека правеше интервју со шведскиот пронаоѓач во неговата подморница.

Нуркачите пронајдоа торби со облеката на новинарката, нејзината глава и нозете во заливот Кеге, јужно од Копенхаген. Тие беа пронајдени недалеку од местото каде беше пронајдено нејзиното торзо, 11 дена откако се качи на подморницата на пронаоѓачот Питер Мадсен на 10 август.

Мадсен првично на властите им кажа дека ја оставил Вал на остров, но потоа кажа дека таа загинала во несреќа на подморницата и дека го фрлил телото во море.

Обвинителите велат дека Мадсен го распарчил телото на Вал пред да го фрли во морето. Тој негира дека постапил така.

XS
SM
MD
LG