Достапни линкови

Протести во Мадрид и Барселона за обединета Шпанија


Учесници во протести за обедината Шпанија во Мадрид. 07.10.2017

Илјадници луѓе денеска се собраа во Мадрид и во Брселона да ја покажт својата поддршка за обединета Шпанија и повикаа на разговори за политичката криза предизвикана од притисокот на Каталонија за сецесија.

Десетици илјади демнонстранти се собраа да протестираат во Мадрид, додека други протести се одржуваат во Барселона повикувајќи на политички дијалог.

Организаторите на протестите под слоганот „Дали ќе разговараме“ од луѓето побараа да не носат знамиња и да бидат облечени во бело. Демонстрантите дојдоа со знаци на кои беше напишано „Шпанија е подобра од нејзините политичари“ и „Ајде да зборуваме.“

Протестите доаѓаат шест дена откако Каталонија го одржа референдумот за отцепување, кој шпанската влада го прогласи за нелегален, а највисокиот суд го супендираше.

XS
SM
MD
LG