Достапни линкови

Ердоган најави „сериозна операција“ во Сирија


Архива - Турскот рреттседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска објави операција за преземање на провинцијата Идлиб која е под контрола на бунтовниците во северна Сирија, во услови на зголемено воено присуство на границите меѓу двете земји.

Турција го зголеми своето воено присуство по должината на границата со Сирија, откако се согласи со Русија и Иран да работи на прекин на огнот во регионот.

„Преземаме нови чекори за да ја осигураме безбедноста во Идлиб. Денеска многу сериозна операција ќе се одржи во Идлиб и тоа ќе продолжи“, рече Ердоган во телевизиски говор во западниот град Афион.

Одговарајќи на новинарски прашања по телевизискиот говор, Ердоган рече дека војниците се уште не се во Идлиб и дека Турција ги поддржува силите на Слободната сириска армија од внатрешните граници на Турција.

Операцијата е дел од договорот за деескалација меѓу Турција, Иран и Русија.

XS
SM
MD
LG