Достапни линкови

Поддржувачи на Навални ќе одржат протести во повеќе градови во Русија


Навални ќе остане во затвор за време на протестите. 06.10.2017

Поддржувачи на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска се подготвуваат да излезат на улиците низ градовите ширум земјата, на протести кои можат да предизвикаат строги мерки од страна на полицијата.

Навални ги повика Русите да се приклучат на протестите организирани во повеќе од 70 градови и да го поддржат „политичкиот натпревар“ во земјата, додека тој се обидува да се кандидира на претседателските избори во март 2018 година.

Протестите треба да се одржат на еден ден откако судот во Москва ја одби жалбата на Навални протв 20-дневниот притвор, кој му беше одреден за прекршување на законот за јавно повикување на несанкционирани протести.

Тоа значи дека Навални ќе остане во затвор за време на протестите кои треба да се одржат на 65-от роденден на претседателот Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG