Достапни линкови

Отежнат сообраќај поради врнежи од снег во Србија и БиХ


Илустрација - архивска фотографија.

Во повисоките предели на делови од Србија и Босна и Херцеговина од ноќеска паѓа снег, кој предизвикува порблеми во нормалното одвивање на сообраќајот. Јавното претпријатија „Патишта на Србија“ соопшти дека снег паѓа во повеќе делови во западна Србија и дека во прекин е сообраќајот на патниот правец Ивањица - Преко Брдо.

Снег претпладнево паѓа на планините Златар, Златибор, Јадовник, Јавор, Муртеница и Чемерница во западниот и југозападниот дел на Србија, како и по течението на реката Лим и во градот Нова Варош.

Снег паѓа и на повисоките планински предели во средна и источна Босна и Херцеговина, поради што властите препорачуваат внимателни возење. На планината Јахорина е формирана снежна покривка во висина од 20 сантиметри, а во градот Калиновик од пет сантиметри.

XS
SM
MD
LG